Рецепт за палачинки без брашно

Овој рецепт е погоден и за оние за оние чија исхрана се базира на исфрлање на глутен и за оние кои практикуваат палео диети и низок внес на јаглехидрати. Тие се вкусни, меки и сочни, но сепак диетални!

Речиси и да нема некој кој може да каже НЕ на палачинките! Признајте дека и вам ви е тешко да им одолеете, дури и кога се грижите за линијата и кога цврсто сте решиле да се откажете од брашното и шеќерот. Има решение – сега може да уживате во нивниот вкус, дури и кога сте на диета! Подготвени за рецепт за палачинки без брашно?

Рецептот доаѓа во две варијанти – за едната ви се потребни само две состојки, додека за другата е потребно да се додаде  уште една „ситница”.

Потребни состојки:

Една голема зрела банана

Две јајца

50 гр кокосово брашно (не е неопходна состојка)

Подготовка:

Варијанта 1:

Сите три состојки ставете ги во блендер (сад и миксер) и блендирајте додека не добиете мазна смеса.

Варијанта 2:

Зрелата банана со вилушка добро испасирајте ја во сад. Додадете две јајца, а потоа со миксер матете додека не добиете мазна смеса.

Печете во загреана тава. Ќе добиете мали палачинки слични на амерички.

Палачинките филувајте ги по желба- наш предлог бобинки и мед, ако инсистирате на диетални намирници, а ако сте решиле пак, да се почестите, навалете на шлаг, сладолед, чоколада или еурокрем.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот