Рецепт за највкусниот џем од кајсии

Сезоната на кајсии е тука, па ова овошје треба да се искористи за подготовка на овој превкусен џем во чиј вкус ќе уживате во текот на целата година.

Ние ви го предложуваме најбрзиот, а воедно и највкусниот рецепт за подготовка на џем од кајсии.

Потребно ви е:

  • 6 кг исчистени кајсии
  • 3,6 кг шеќер

Подготовка:

Кајсиите измијте ги, исчистете ги, па ставете ги во сад. Прво наредете ги кајсиите, па ставете го шеќерот врз нив. Ред кајсии, па ред шеќер, и се така додека да се наполни садот.

Отприлика одат околу 600 грама шеќер на 1 килограм кајсии.

Доколку кајсиите се покисели зголемете ја количината на шеќер. Оставете ги кајсиите така да отстојат преку ноќ или барем 5-6 часа да пуштат сок и шеќерот да се стопи.

Варете на силен оган 20 до 30 минути.

Тргнете го садот од оган и мешајте со лажица околу 20 минути. По потреба и повеќе, за содржината да се згусне.

Сипете ја смесата во чисти тегли, затворете, па завртете ги теглите.

Теглите можете и да ги пастеризирате на 90 степени час и половина, и да ги оставите во рерната сами да се оладат постепено.

Подготовката на џемот е готова, а вие ќе уживате во вкусот на ова божествено овошје и во текот на зимата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот