Рецепт за домашно кисело млеко

Состојки

2 л млеко
Една шолја густ јогурт или едно канче кисела павлака

Подготовка

Сварете го млекото. На првиот знак на вриење, тргнете го од ринглата и одделете еден дел во помал сад. Потоа оставете го да се олади (околу 30 минути). Кога млекото во малиот сад ќе биде топло за да може да се пие, додајте ја во него киселата павлака или малку густ јогурт (една мала шолја за кафе) и промешајте добро за да не ви останат грутки.

Додека чекате млекото да се олади, загрејте ја рерната на 50 степени.

Кога ќе се олади и млекото во поголемиот сад, додајте му ја разматената павлака и константно мешајте неколку минути.

Потоа садот прекријте го со фолија, дупнете дупчиња со чепкалка во фолијата и ставете го во рерна дваесетина минути.

По 20 минути исклучете ја рерната, но не ја отворајте туку оставете го садот во рерната 6-7 часа. Наједноставно е да го оставите да стои во текот на ноќта, а изутрина да ја тргнете фолијата, ставете капак и префрлете го садот во фрижидер.

Доколку добиената густина не ви одговара и сакате погусто кисело млеко, едноставно процедете го и ќе добиете поголема густина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот