Речиси сите туристи се тестираат: Грција ги засили контролите на граничниот премин Промахонас

Речиси сите туристи кои преку граничниот премин Промахонас (Кулата) влегуваат во Грција, се тестираат, наместо како што бепе досега, тестирањата да се вршат наменски и по случаен избори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, по откриените голем број „увезени” случаи на Ковид-19 кај туристи кои преку конкретниот граничен премин пристигнале во Грција, Националната организација за јавно здравје веќе ги тестира речиси сите посетители.

По забраната за влез во Грција на српски државјани,телевизијата „Скај” коментира дека е значително намален бројот на туристи на Промахонас, денеска немало колони возила, а посетителите се претежно од Чешка, Бугарија и Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот