Речиси шест милијарди дози на вакцини против Ковид се веќе аплицирани низ целиот свет

healthcare and medicine: nurse using a syringe

 Аплицирани се повеќе од 5,95 милијарди дози на вакцини против Ковид во 184 земји, но процесот на вакцинација продолжува со нерамномерно темпо низ целиот свет, јави Блумберг кои се повикуваат на сопствени анализи.

„Вкупно, дадени се повеќе од 5,95 милијарди дози. Тоа е доволно за целосно вакцинирање на 38,7 проценти од светската популација. Просечната стапка на вакцинација во моментов е 33,1 милиони дози дневно. Ако тој тренд продолжи, ќе бидат потребни уште шест месеци за вакцинација на 75 проценти од населението”, наведува агенцијата.

Во земјите и регионите со високи примања, вакцинацијата е 20 пати побрза отколку во регионите со ниски примања.

Блумберг проценува дека 386 милиони дози се аплчилцирани во САД. Во Шпанија, 77 проценти од населението е целосно вакцинирано. Во Франција – 72,7 проценти, во Италија – 67,9 проценти, во Велика Британија – 66,5 проценти, во Германија – 63 проценти, во Израел – 61,6 проценти.

Во исто време, во Демократска Република Конго и Јемен, целосно вакцинирани се помалку од 0,1 отсто, во Чад и Јужен Судан – 0,1 отсто, во Бенин и Хаити – 0,2 отсто. Во Русија, аплицирани се 87,8 милиони дози, а 27,6 проценти од населението е целосно вакцинирано.

извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот