Речиси цел кризен штаб на Полска поднесе оставка

Ковид Полска/ Фото EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Тринаесет од 17 полски владини советници за ковид-19 денеска поднесоа оставки, обвинувајќи ја популистичката власт за забавеност во борбата против пандемијата.
Препораките на медицинските советници се недоволно имплементирани во потезите што ги презема Владата, објаснуваат тие во соопштението што го пренесе агенцијата ПАП неколку дена откако Полска со 38 милиони жители го премина прагот од 100.000 смртни случаи од коронавирус, јави Notes from Poland.

Лекарите негодуваат на „зголемената толеранција на владата кон оние кои негираат дека Ковид-19 претставува закана и дека вакцинацијата е важна во борбата против пандемијата”.

– Владата постапи многу ограничено кога се случи есенскиот бран на коронавирус, а потоа постапи на ист начин како одговор на заканата од варијантата омикрон, и покрај огромниот број смртни случаи, се вели во образложението.

Тие поднесоа оставка откако постојано ја повикуваа владата да воведе построги ограничувања во пандемијата и да ја зајакне вакцинацијата.

Неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство се јавни противници на вакцинацијата, а Владата зависи од нивните гласови во Парламентот.

Според Министерството за здравство, околу 21,3 милиони Полјаци се вакцинирани со две дози, а над осум милиони од нив ја примиле и третата засилувачка доза.
Полска од почетокот на пандемијата на Ковид-19 до денеска потврди 4,28 милиони заразени и 101.841 починати пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот