Речиси 74 отсто од граѓаните на Црна Гора се „за” членство во ЕУ

Фото: Профимедиа

Истражувањето на Генералниот секретаријат на Владата на Црна Гора за ставовите на граѓаните за европската интеграција и процесот на пристапување покажа дека 73,8 проценти од Црногорците силно или до одреден степен го поддржуваат членството во ЕУ.

Додека 23,6 отсто силно или до одреден степен се против членствот на Црна Гора во ЕУ.

Силна поддршка за членство на Црна Гора во ЕУ изразија речиси 39 проценти од испитаниците.

На прашањето колку е веројатно да излезете на референдумот за пристапување на Црна Гора во ЕУ, сигурно или веројатно дека би излегле одговориле 84,4 отсто од испитаниците, од кои 86,9 проценти би гласале за членство во ЕУ.

На прашањето која земја или заедница е најголем странски финансиски донатор во Црна Гора, 42 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е ЕУ, 13 проценти – Србија, 9,1 отсто – Русија и 7,4 проценти одговориле САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот