Речиси 700.000 заразени: Индија го презеде од Русија третото место на најпогодена земја со Ковид-19

Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Индија го презеде од Русија третото место на најпогодена земја во светот со Ковид-19, со речиси 700.000 случаи на инфекција, покажуваат најновите податоци, а епидемијата во таа земја не покажува знаци на забавување.

Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 23.000 нови случаи на заразени, што е нешто помалку од рекордните 25 000 новозаразени, регистрирани вчера.

Во Индија досега почина 20.000 луѓе од првиот случај на инфекција, кој е регистриран во јануари.

Таа земја сега го зазема неславното трето место на најпогодените земји во светот, зад САД и Бразил.

Бројот на случаи во Индија е осум пати поголем од оној регистриран од Кина, која има сличен број на население и каде вирусот се појави кон крајот на минатата година.

Властите денеска информираа дека ја повлекуваат одлуката за отворање на најпознатата туристичка атракција Таџ Махал, со оглед на зголемениот број заразени во тоа подрачје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот