Речиси 40 илјади луѓе добиле писмо од германска банкa: Ја откажале нивната тековна сметка!

Речиси 40.000 клиенти добија писмо за укинување на нивната тековна сметка од нивната банка Шпаркасе во изминатите неколку недели, бидејќи не дале одобрение дали прифаќаат да им се зголеми банкарската провизија за одржување.
Одлуката за ова датира од пролетта 2021 година, но за да се зголеми провизијата за тековната сметка, банките мораа да добијат согласност од клиентите. Во случај да не добијат согласност од клиентот за зголемување на надоместокот за водење тековна сметка, банките морале да ја откажат услугата.
Околу 95 отсто од клиентите на Шпаркасе Келн Бон досега дале одобрение за зголемување на надоместокот за тековната сметка.
Сепак, се уште недостасува согласност од околу 38.000 клиенти.
Според „Тагесшау“, нивните тековни сметки сега се затворени. Сепак, Шпаркасе Келн Бон смета дека е „имплицитна согласност“ доколку сметката продолжи да се користи по периодот на раскинување, пишува Феникс, пренесува Н1 Инфо. Имено, доколку банките и штедилниците сакаат да ги зголемат цените на водење сметки и слично, клиентите мора да се согласат со тоа.