Речиси 34 милиони луѓе веќе се вакцинирани против Ковид-19 во Турција

фото Слободен печат

Речиси 34 милиони луѓе веќе се вакцинирани против Ковид-19 во Турција, јавија турските медиуми. Брзото темпо на вакцинација продолжува во земјата каде граѓаните можат да избираат помеѓу подготовката на кинеската компанија Синовак и Фајзер/Бионтех.

На над 20 милиони луѓе им е дадена првата доза, а повеќе од 13,7 милиони имаат две, според турското Министерство за здравство. Најголем број на вакцинирани граѓани има во Истанбул (5,7 милиони луѓе), следи главниот град Анкара (2,9 милиони), Измир (2,3 милиони луѓе).

Во исто време, бројот на лица заразени со новиот коронавирус продолжува да опаѓа во Турција. Според последните податоци за последните 24 часа, 5012 лица се заразиле со коронавирус, а 53 починале. 

Видео на денот