22 C
Скопје

Речиси 14 илјади решенија за изолација биле издадени во рок од една недела

Државниот санитарен инспекторат издал речиси 14 илјади решенија за изолација за една недела, посочи претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашкоска.

Таа кажа дека прекршоци регистрираат речиси сите инспекторати.

Агенцијата за лекови, во минатата недела извршила 12 надзори, е една од ретките кои не констатирале неправилности. Од седумте инспекциски служби, за една недела биле спроведени 5.236 надзори и контроли.

Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши 92 надзори и изрече 17 решенија за прекршоци. Инспекторатот минатата недела издаде и вкупно 13.957 решенија за изолација и домашно лекување на лица заболени од корона или лица кои биле во контакт со заболено лице – рече Грашкоска.

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 220 надзори. За утврдените неправилности издала осум решенија, 15 едукации и два прекршочни платни налози.

Државниот инспекторат за животна средина извршил 39 надзори и констатирал неправилности.

– Инспекторатот за транспорт изврши 30 надзори и изречени се 2 прекршочни пријави и еден прекршочен платен налог. Во однос на здравствените протоколи, не се констатирани прекршоци. Инспекторатот за труд во изминатите седум дена изврши 341 надзор во различни правни субјекти, со фокус на протоколот за превентивни мерки за сите работни места. Трудовите инспектори донесоа 16 решенија од кои 9 заради непочитување на протоколот. Изрекоа и пет прекршочни налози за вработени бидејќи не носеле заштитна маска – додаде Грашкоска.

Поврзани вести

Бектеши – Џентолини: Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на економијата

Слободен печат

Скопје очекува од ЕУ потврда на европските вредности и да го испорача ветеното

Слободен печат

Бесими – Јановски: Потпишан повеќегодишен Договор за грант од УСАИД, 8,2 милиона долари во првата година

Слободен печат

ДКСК: Најмногу пријави за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

Слободен печат

Заев за средбата Пендаровски – Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

Слободен печат

Меѓаши: Добиваме дојави дека средношколците кои ја бојкотираат наставата се уценувани, загрозено нивното психо-физичкото здравје

Слободен печат

Остави Коментар