Речиси 130 илјади деца од САД ги загубиле родителите од ковид

Прв училишен ден во Бостон, САД/ Фото EPA-EFE/CJ GUNTHER

Повеќе од сто илјади деца во САД ги загубиле родителите за време на пандемијата ковид-19, според новата студија.

Експертите проценуваат дека 129.630 деца во Соединетите држави го загубиле својот примарен старател или родител поради ковид заболување. Други 22.007 загубија секундарен старател, како што се баби и дедовци кои живеат во исто домаќинство, пренесува Ен-Би-Си њуз.

Треба да се напомене дека студијата користела податоци од април 2020-та година до крајот на јуни 2021-та година, така што бројот на деца кои останале без родители за време на пандемијата најверојатно сега е поголем.

„На децата им се закануваат други сериозни проблеми“

„Кога детето ќе загуби родител или старател, ќе му треба помош додека не наполни 18 до 24 години. Се појавува проблемот, кој ќе трае многу години”, вели Сузан Хилис од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Речиси една четвртина од децата во САД живеат со само еден родител, а околу 4,5 милиони од нив живеат со нивните баби и дедовци кои го обезбедувале сместувањето.

Расни и етнички разлики

Новото истражување на ЦДЦ, исто така, покажа огромни расни и етнички разлики. Едно од 753 деца кои ги загубиле својот родител се со бела кожа, 1 од 412 деца се Латиномериканци и 1 од 310 деца со црна кожа.

„Спротивно на тоа, 65 проценти од децата кои ги загубија своите родители од ковид-19 припаѓаат на расните и етничките малцинства, наспроти 35 проценти од белците. Тоа е навистина една од најекстремните разлики што сум ги видел”, рече Хилис.

Видео на денот