Речено-сторено: Трчаше гол откако Германецот потпиша за неговиот тим (ВИДЕО)

Навивач на Бенфика вети дека ќе истрча еден километар без облека доколку во клубот пристигне Јулијан Вајгл.

Германскиот интернационалец Јулијан Вајгл на 31 декември минатата година потпиша за португалскиот шампион Бенфика, иако за неговите услуги беа заинтересирани и екипи како ПСЖ, Арсенал, Рома…

На пристигнувањето на Вајгл во Бенфика не му се израдува само еден навивач на португалскиот тим. Дуерте Мендеш како да не веруваше дека Германецот ќе ја избере Бенфика и затоа вети дека доколку Вајгл потпише за неговиот омилен тим, тој ќе трча еден километар без облека.

– Моето име е Дуерте Мендеш и како што знаете на 17 декември напишав дека ќе трчам гол доколку Вајгл дојде во Бенфика. Денеска сум тука за да го направат ветеното. Бог простува, но Јулијан не“ – изјави навивачот пред да го исполни ветеното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот