Рецепт за вистински сараевски ќебапи, не се прават од мелено месо

Фото: Профимедиа

Денес постојат милион рецепти за ќебапи, но малкумина знаат да ги направат вистинските, сараевските.  Луѓето сѐ почесто се одлучуваат за полесната верзија, во која меленото месо само се зачинува, се обликува и потоа се пече. Но, ако сакате да бидат посочни и да не загорат, месото исечете го ситно, како за тартар бифтек, а за оние вистински сараевски ќебапи потребни ви се два вида месо, сол и сода-бикарбона.

Состојки:

– 1,5 килограм говедско месо
– 500 грама јагнешко месо
– 4 чешниња лук
– 2 лажички сода-бикарбона
– 40 грама сол

Подготовка:

Месото исечкајте го на коцки, па посолете. Во тенџере ставете ги исчистените и цели чешниња лук, а потоа додадете 100 милилитри вода и варете додека не почне да врие. Потоа оставете ја течноста да се излади и прелијте ја врз месото. Промешајте. Покријте со проѕирна фолија и оставете го месото преку ноќ во фрижидер. Потоа, месото исечкајте го многу ситно, па повторно покријте го и оставете го да отстои на собна температура уште 4-5 часа, па потоа во смесата додајте сода-бикарбона и убаво измешајте. Обликувајте ќебапи и печете ги на скара или во рерна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот