Рецепт за ролат со кокос и мелени бисквити, лесно се подготвува, а вкусот е фантастичен

Фото: Инстаграм

Прво ќе ве привлече изгледот, а потоа ќе ве освои вкусот на овој деликатес. Ролатот можете да го послужите за појадок или со чај или кафе, и да уживате во овој прекрасен десерт.

Состојки:

– 200 грама маргарин
– 200 грама шеќер
– 50 грама чоколадо
– 350 грама мелени бисквити
– 1 ќесичка инстант кафе измешано со 15 лажици топла вода
– 100 грама шеќер во прав
– 1 ванилин шеќер
– 150 грама кокос

Подготовка:

За потемниот дел:

Изматете 50 грама маргарин со шеќерот и ренданото чоколадо. Додајте ги мелените бисквити прелиени со кафе. Соединете ја смесата, па обликувајте ја во правоаголник на целофанот.

За посветлиот дел:

Преостанатиот маргарин изматете го со шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и кокосовото брашно. Добиената маса премачкајте ја со правоаголната потемна смеса и завиткајте со целофанот.

Оставете во фрижидер да се стегне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот