Рецепт за пиварки, омилениот колач во секој дом во Југославија

Фото: Принтскрин/ Јутјуб/Bakina kuhinja

Пиварките се испробани и неповторливи старински колачиња, кои традиционално се прават за време на постот. Но, тоа не значи дека не можеме да ги јадеме во ниту еден период од годината. Неодоливи се бидејќи се направени од еден од омилените пијалаци, а тоа е пивото, и од ореви. Оваа комбинација е полн погодок, а уште поубаво е што можете да направите пиварките како топчиња, кифлички… На крајот се потопуваат во сируп и се валкаат во кокос или ореви. Овие вкусни колачи домаќинките порано ги служеа на сите дружења и слави.

Состојки:

– 300 мл пиво
– 600 мл масло
– 2 ќесички прашок за печиво
– 800-900 грама брашно

За сирупот:

– 600 грама шеќер
– 300 милилитри вода
– 2 ќесички ванилин шеќер

Дополнителни состојки:

– ореви
– кокос

Подготовка:

Во сад измешајте масло и пиво, па додадете просеано брашно со прашок за печиво. Замесете тесто, па обликувајте го во топка. Расукајте го тестото, па исечете триаголници.

Триаголниците од тесто наполнете ги со сечкани ореви, па обликувајте ги во кифлички. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Измешајте вода и шеќер и по неколку минути додадете ванилин шеќер. Гответе уште 5 минути откако ќе зоврие. Кога сирупот ќе се излади, натопете ги топлите пиварки во него и извалкајте ги во кокос или мелени ореви.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот