Рецепт за Павлова венец, гастрономско уживање од Дијана Иваноска

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.
Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – Павлова венец.

„Крцкава однадвор, а мека и сочна во внатрешноста. Комбинирана со слатка павлака и овошје, превкусна“, порачува Дијана.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 5 белки (на собна температура)
– 250 грама шеќер
– 1 лажиче сок од лимон
– 1 лажиче ванила екстракт
– 2 лажичиња скроб
– 200 мл слатка павлака (изматена)
– Овошје по желба

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Белките матете ги додека добиете меки врвови. Постепено додавајте го шеќерот додека матите. Кога ќе добиете цврст снег додајте го сокот од лимон, ванилата и скробот и матете уште кратко.
Нанесете ја смесата на тава обложена со хартија за печење. Претходно нацртајте го обликот на хартијата за печење и превртете ја хартијата. Оформете ја убаво со лажица и направете мали вдлабнатини на површината.
Печете 1 час и половина на температура од 120 степени Целзиусови. Исклучете ја рерната и оставете ја внатре додека се излади целосно.
Пред послужување, додајте изматена слатка павлака и овошје по желба.
Уживајте!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот