Рецепт за непечен колач со јагоди: Кремаст десерт што се прави за 15 минути

Фото: Профимедиа

Сезоната на јагоди започна, па време е за десерти со ова овошје, на кое тешко може да се одолее. Ако ви се јаде кремаст и сочен колач што ќе го направите „додека трепнете“, ви носиме рецепт за десерт со јагоди кој не се пече.

За да го направите, ќе ви требаат само 15 минути, а потоа да имате уште само малку трпение додека да се стегне во фрижидер. Но, кога ќе го пробате, ќе сфатите дека вредело да се чека.
Оваа торта се подготвува брзо, освежува и е идеално уживање доколку имате ненадејни гости.

Состојки:

– 400 г мелени бисквити

– 400 г јагоди

– 125 г путер

– 1 чаша сок од портокал

– 200 г шлаг

– 2 чаши кисела павлака

– 200 г шеќер во прав

– 3 дл кисела вода

– 2 кесички желатин

Подготовка:

Земете тркалезен калап за торти со страни. Изматете ги бисквитите со путерот и додајте го сокот од портокал. Кога смесата ќе стане мазна, на дното од калапот формирајте кора, одозгора убаво измазнете ја и ставете ја во фрижидер додека го правите остатокот од колачот.

Во подлабок сад додајте го шлагот, па изматете го со миксер со киселата вода за да стане поцврст. Во друг сад изматете ја павлаката со шеќерот во прав. Во шлагот додајте ја павлаката, па сè заедно соединете.

Добро измијте ги јагодите и оставете 10 парчиња за украсување.

Остатокот од јагодите изблендирајте го, исцедете го вишокот сок, па додајте ја павлаката и шлагот. Сè заедно изматете со миксер да се изедначи.

Желатинот подгответе го како што пишува во упатството на кесичката. Растворете го во малку вода, почекајте да набабри, а потоа загрејте го на тивок оган да се растопи. Полека додајте го во овој фил додека ги матите шлагот и јагодите. Извадете ја кората од фрижидер и одозгора ставете го шлагот, павлаката и филот со јагоди. Колачот одозгора украсете го со парчиња јагоди. Ставете го во фрижидер и оставете да се стегне.

По два часа колачот е подготвен за сервирање. Уживајте во ова кремасто задоволство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот