Рецепт за мусака со јогурт од кулинарскиот великан Стево Карапанџа

мусака
Мусака/Фото: Профимедиа

Познатиот готвач Стево Карапанџа, бил омилен готвач и на Јосип Броз Тито, а неговата подготовка на разноразните деликатеси тешко некој може да ја надмине. Карапанџа може да направи совршено јадење од секоја намирница, а неговата мусака е неверојатна. Има посебен вкус и е толку сочна што за миг ќе исчезне од трпезата, а семејството ќе ви побара лажица повеќе!

Состојки:

– 500 грама мелено месо (мешавина од свинско и говедско месо)
– 1 килограм компири (излупени и исечени на коцки)
– 2 домати (исечени на коцки)
– 1 лажица сечкан магдонос
– 1 главица сечкан кромид
– 3 јајца (изматени)
– 1 шолја јогурт (намирница поради која вкусот многу се разликува)
– 60 грама брашно
– сол, бибер
– масло
– 60 грама мешавина од билни зачини

Подготовка:

Во тава со малку масло пропржете го кромидот и месото. Ако месото е помрсно, сипете помалку масло. По 10 минути пржење, тргнете го месото од оган и додајте ги компирите, доматите и магдоносот. Додајте сол и бибер по вкус.

Печете во рерна 45 минути на 190 степени, односно додека компирот не омекне. Измешајте ги јајцата, јогуртот и брашното, па прелијте врз месото. Печете уште 10 минути.

Јадењето послужете го со јогурт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот