Рецепт за мафини со мандарини, трикот е во една состојка

Фото: Профимедиа

Мафините се омилениот десерт на многумина, а состојките за оваа варијанта можете да ги изматите за пет минути, а потоа сѐ што треба да направите е да седнете до рерната додека прекрасниот мирис се шири низ куќата.

Трикот е во јогуртот, кој му дава сочност на колачот, додека ренданата кора од лимон е тука за посебен вкус на мафините.

Состојки:

– 240 грама брашно
– 100 грама шеќер
– ½ лажичка сол
– 1 лажичка сода-бикарбона
– 2 лажички прашок за печиво
– 60 грама путер
– 2 лажици млеко
– 1 јајце
– 240 милилитри густ јогурт
– 2 мандарини
– рендана кора од лимон

Подготовка:

Во сад измешајте брашно, шеќер, сол, прашок за печиво и сода-бикарбона.

Растопете го путерот, оставете да се излади, потоа додадете млеко, јајце и јогурт и сè убаво измешајте. Потоа, додека мешате, постепено додавајте ги сувите состојки, па убаво измешајте додека не ги измазните сите грутчиња.

Додадете една лажица рендана кора од лимон и сечканата мандарина, па повторно добро измешајте.
Смесата сипете ја во калапот за мафини, додека не се наполнат две-третини, па печете во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути.

Оставете ги да отстојат 5 минути, па извадете и послужете со чај, кафе, сок од портокал…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот