Рецепт за „лепеза“ пита со сирење, ќе исчезне од трпезата за час

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Иако повеќето ќе се согласат дека домашните пити со домашни кори се најубави, секоја домаќинка нема време да ги замеси.

Но, шармот е во тоа кога ќе пронајдете рецепт за пита што може да ѝ парира и на онаа од домашни кори.
Затоа ви носиме рецепт за интересна и брза пита со сирење. Покрај тоа што е вкусна, многу брзо се прави.

Состојки:

– 500 г готови кори за пита
– 500 г ситно сирење
– 1 чаша јогурт
– ќесичка прашок за печиво
– 100 мл масло
– 4 јајца
– сол

Подготовка:

Подмачкајте четвртест плех, па на дното ставете две раширени кори. Потоа, земете ги преостанатите кори и наредете ги во плехот, но свиткајте ги како лепеза.

Така направете со сите кори, редејќи ги една до друга. Изматете 3 јајца, маслото, јогуртот, прашокот за печиво и солта, а кога сè добро ќе изматите, додајте го и сирењето, па се повторно измешајте повторно.

Одделете еден филџан од оваа смеса и измешајте со 1 јајце за да ја прелиете питата.

Добиената смеса сипете ја со лажица рамномерно помеѓу корите. Печете ја на 200 степени 30 минути.
Питата послужете ја топла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот