Рецепт за грав на шпански начин: Од македонскиот рецепт се разликува по 3 состојки

Фото: Принтскрин/Flickr

Шпанците во студените зимски месеци прават грав, јадење што го обожаваат и Македонците. Но, од нашиот рецепт се разликува по 3 состојки, какви што се варени јајца, леб, како и бујон (коцка за супа). Ако не сте знаеле, бујон се додава наместо вода, бидејќи дава поинтензивен вкус, а наместо да го послужите лебот настрана, препечете го и изблендирајте, па додајте го во јадењето.

Со божествен вкус и уште подобар мирис, гравот подготвен на овој начин ќе стане вашето ново омилено јадење.

Состојки:

– 45 милилитри маслиново масло
– 2 парчиња багет
– 4 чешниња лук
– 1 кромид
– 1 зелена пиперка
– 1 морков
– 1 голем компир
– 2 лажички слатка пиперка
– 400 милилитри сос од домати
– 450 грама бел грав од конзерва
– 450 грама темен грав од конзерва
– 850 милилитри супа (бујон) од зеленчук
– 4 јајца
– 2 ловорови листови
– грст свеж магдонос

Подготовка:

Во тенџере сипете маслиново масло, па додајте го пропржениот багет и цели чешниња лук. Пропржете, па извадете ги настрана. Потоа, во истото тенџере додајте ги исечканите кромид, морков и бибер. Кога зеленчукот ќе омекне, додајте ги сечканите компири, па посипете со слатката пиперка. Потоа, сипете го доматниот сос, па посолете и побиберете. Сипете го гравот кој претходно сте го измиле и процедиле, па додајте го бујонот (коцката за супа од зеленчук измешајте ја со 850 мл топла вода). Додадете го ловоровиот лист и добро измешајте, па варете додека не почне да врие. Намалете ја температурата и поклопете, па варете уште 20 минути. Изблендирајте го лебот, лукот и сечканиот магдонос, па додадете ги во гравот. Измешајте, па додајте ги јајцата на око, само внимавајте да не се излеат. Покријте и варете уште 4 минути додека јајцата не се готови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот