Рецепт за дождлив ден: Пилешко со 40 чешниња лук

пилешко лук рецепт
ФОТО: Pixabay

Овој рецепт за пилешки поткопани со многу лук е совршен за дождлив ден во кој можете комотно да останете дома и да уживате во сонливите ефекти на силниот зачин. 

Потребни состојки:

– 2 лажици маслиново масло
– 8 поткопани
– 40 чешниња лук
– Сол и црн пипер
– 1 дл бело вино

Подготовка:

Зачинете го пилешкото, па кратко запечете го во тавата. На дното на огноотпорниот сад ставете 20 нелупени чешниња лук, ставете го месото врз нив, а потоа врз месото ставете уште 20 чешниња нелупен лук. Прелијте со виното, ставете ја фолијата и печете на 180 степени околу еден час. Отстранете ја фолијата и печете го месото уште 15 минути.

Пријатен оброк!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот