Рецепт за домашна пилешка паштета: Половина килограм месо, а количина за цело семејство

Фото: Профимедиа

Нема ништо поубаво од мирисот на домашните печива, а нема ништо поздраво од домашните намази, па затоа ви предлагаме за појадок да направите домашни лепињи и паштета. Таа спаѓа во еден од популарните намази, а овој рецепт за пилешка паштета ќе ви се допадне уште на првиот залак. Направете ја од копани, бидејќи тоа месо е посочно од белото, а со додавање путер и супа, паштетата ќе стане уште покремаста.

Состојки:

– 500 грама копани без коски
– 1 кромид
– 125 грама путер
– 3 лажички сол
– 1/3 лажичка пиперка
– 150-200 милилитри супа од копани

Подготовка:

Исечете го кромидот на половина, а потоа препечете го на рингла. Потоа во тенџерето ставете ги и кромидот и месото. Сипете 2 литри вода, а потоа посолете (2 лажички). Гответе додека не почне да врие, а потоа намалете го оганот, поклопете и варете уште час и половина. Извадете го кромидот од супата, а кога месото ќе се излади, можете да ја извадите кожичката, но не мора. Паштетата е повкусна, поубава ако ја оставите. Потоа во блендерот ставете го месото, путерот на собна температура, една лажичка сол и бибер, како и 150-200 милилитри супа (водата во која се вареше месото). Добро измешајте и по потреба додајте дополнителен зачин. Паштетата сипете ја во сад со капак и чувајте ја во фрижидер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот