РЕЦЕПТ | Нема зошто да пуштате рерна: Чизкејк од боровинки

Чизкејк боровинки
ФОТО: Unsplash

Сега е сезоната на боровинки и идеално време е да направите вкусен чизкејк кој не мора да го печите. Лесно е да се направи, вкусот е освежувачки, а боровинките ја подобруваат крвната слика и се одлични за детоксикација на телото, макар и во слатко издание.

Потребни состојки:

-200 г бисквити
-80 г путер, стопен
-300 г боровинки
-25 г шеќер
-1 лажица сок од лимон
-20 г желатин + 60 мл ладна вода
-450 г крем сирење
-125 г шеќер во прав
-160 мл слатка павлака
-1 лажичка екстракт од ванила

За прелив:
-15 г желатин + 40 мл ладна вода
-180 г боровинки
-25 г шеќер + 70 мл вода

Подготовка:

– Измешајте ги мелените бисквити и растопениот путер, потоа направете кора со притискање на смесата во калапот. Измешајте ги боровинките со шеќер и сок од лимон, гответе кратко, а потоа соеднинете ги со мешалка.
– Измешајте желатин со вода и во меѓувреме изматете крем сирење со шеќер во прав. Додадете слатка павлака и екстракт од ванила во крем сирењето, а потоа повторно изматете.
– Додадете 2 лажици фил од боровинки во растопениот желатин, убаво изматете, потоа истурете го преостанатиот фил од боровинки и добро измешајте.
– Додадете ја смесата од желатин во смесата со крем сирење и добро измешајте. Истурете го филот над кората од бисквити, а потоа оставете го чизкејкот во фрижидер еден час.

За преливот:

– Измешајте желатин (15 г) со вода (40 мл) и тргнете го настрана. Измешајте боровинки (180 г) со шеќер (25 г) и вода (70 мл) и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете го од шпоретот и соединете го со мешалка. Додадете желатин и промешајте, а потоа изладете на собна температура. Прелијте го чизкејкот и оставете преку ноќ во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот