Рецепт на Дијана Иваноскa: Тарт со крем-сирење, бела чоколада и боровинки

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – тарт со крем-сирење, бела чоколада и боровинки.

Фото: Приватна архива

Состојки:

За кората:

– 190 грама брашно
– 125 грама ладен путер исечкан на мали коцки
– 1 лажица кафеав шеќер
– Прстофат сол
– 1 жолчка
– 4 лажици ладна вода

Фото: Приватна архива

За кремот:

– 150 грама боровинки
– 300 грама маскарпоне
– 175 грма крем-сирење
– 80 грама бела чоколада
– 2 лажици мед

Подготовка:

Во блендер ставете го брашното, шеќерот и ладниот путер. Блендирајте додека добиете песочна смеса. Додајте ги жолчката и ладната вода. Мешајте додека добиете тесто. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го да стои во фрижидер 1 час.

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Расукајте го тестото и ставете го во калап со пречник 24 см. Втиснете го убаво на дното и на страните на калапот. Избоцкајте го тестото со виљушка. Одозгора ставете хартија за печење или алуминиумска фолија, а врз фолијата сув ориз или грав за да не се надигне додека се пече. Печете околу 15 минути или додека да добие убава златна боја.
Оставете го тестото целосно да се излади пред да го нанесете кремот.

Фото: Приватна архива

Крем:

Растопете ја чоколадата и оставете ја да се излади. Изматете ги маскарпонето, крем-сирењето, медот и изладената чоколада. На крај, додајте ги боровинките и нежно измешајте. Нанесете го кремот врз кората и ставете го во фрижидер да се излади и да се стегне.
Декорирајте по желба и уживајте!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот