Рецепт на Давор Панчевски за сочен полнет компир: Поинакво гастрономско уживање

Давор Панчевски
Давор Панчевски / Фото: Приватна архива

Вистинско уживање е кога млад човек сака да покаже што умее, што може и што сè знае да создаде. Но, уште поголемо уживање е кога несебично сака да ги сподели своите вештини. Таква е приказната на младиот готвач Давор Панчевски кој реши повторно да сподели со нас некоја вкусна тајна од неговата кујна.

Давор Панчевски ви препорачува: Здрав домашен сладолед без шеќер подготвен со 3 состојки

Давор денес споделува рецепт за полнет компир – супер идеја за поразличен ручек или вечера со која ќе ги воодушевите сите на трпезата.

„Често готвам со компир и досега сум направил повеќе различни рецепти со овој зеленчук. Сепак, начинот на подготовка што ќе ви го презентирам сега ми е еден од омилените“, вели тој.

Од кујната на младиот Давор Панчевски: Брза пита со компир и праз

Потребни состојки:

– 4 долги компири
– 4 лажици сенф
– 100 мл масло за јадење
– сол и мелен црн пипер
– 100 г кулен
– 50 г кашкавал
– свежа мајчина душичка или оригано

Давор Панчевски
Рецеот на Давор Панчевски / Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Исечкајте ги компирите на тркалца, но не целосно, бидејќи треба да останат во една целина како на фотографијата. Помеѓу секое тркалце премачкајте со сенф, сол и мелен црн пипер. Додадете оригано или мајчина душичка. Во секоја празнина додадете кулен. Целиот компир вака подготвен обвиткајте го во алуминиумска фолија со масло за јадење и печете го во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути. Кога ќе биде готов додека е се уште топол врз него изрендајте кашкавал.

Добар апетит и забавно готвење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот