Рецепт кој потекнува од 17 век: Направете си освежителен леден панч

панч
Фото: Pexels / Lisa Fotios

Панч е еден од најпознатите пијалаци во светот кој обично се служи во длабоки, тркалезни чинии кои се карактеристични за овој освежителен пијалок. Постојат многубројни варијанти на овој вкусен пијалок, а се пиел уште во 17 век.

Се верува дека името на пијалакот е позајмено од хинди јазикот и во превод значи „пет“. Името го добил по оригиналниот рецепт, кој се состоел од пет состојки. Во оригиналот, панчот се состоел од алкохол, шеќер, овошје или овошен сок, вода и зачини.

Панч е популарен празничен пијалок кој се пие топол, а низ историјата луѓето го прилагодувале на состојките и сезоната, па денес има различни верзии – топол, ладен, овошен, алкохолен или безалкохолен. Ние согласно летните горешнити ја одбравме ладната варијанта. Во продолжение прочитајте го рецептот.

Потребни состојки:

– 1 литар црн чај (оладен)
– половина литар ладен чај од шумско овошје
– 200 мл бел рум
– 150 мл густ сок од лимон
– 150 мл сок од брусница
– 2 цели портокали
– 2 цели лимони
– 2 цели лимети

Подготовка:

Сварете црн чај и додадете мед по желба. Почекајте чајот добро да се олади. Наполнете длабок сад со мраз, а над мразот ставете го исечканото овошје. Ако сакате послатки пијалоци, не мора да го разредувате сокот од лимон со вода, туку само прелијте го со мраз и овошје. Додадете го црниот чај, чајот од шумско овошје, румот и на самиот крај полека прелијте со сокот од боровинки. По желба додадете грст свежи боровинки. На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот