Ребел Вилсон прозборе за борбата со неплодноста: Морав да кажам некому…

Instagram
Instagram

Популарната актерка Ребел Вилсон, која изминатата година привлече огромно внимание со својата неверојатна трансформација, реши да зборува за сопствената борба со неплодноста.

Денес добив лоша вест и немав со кого да ја споделам… Но, претпоставувам дека треба некому да му го кажам тоа“, искрено призна таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Сите вие ​​кои се борите со неплодност, ве разбирам. Универзумот работи на мистериозен начин и понекогаш сето тоа нема смисла… Но, се надевам дека светлината наскоро ќе продре низ сите темни облаци“, додаде таа.

Актерката уште во декември зборуваше за одлуката за замрзнување на јајца клетки. Еден месец пред тоа во интервју за „Е! News“ зборуваше и за сопствената дијагноза на синдром на полицистични јајници, со која се соочила во младоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Имам прекумерна тежина околу 20 години. Имав нешто што се нарекува синдром на полицистични јајници. Тоа е само нерамнотежа на хормоните и обично се карактеризира со прекумерна телесна тежина и тоа се манифестираше и кај мене“, рече таа тогаш.

Иако призна дека често се чувствувала тажно поради сето ова, во 40-тите години почнала посериозно да го сфаќа сопственото здравје и да размислува за основање семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот