Ребалансот на буџетот следната недела на владина седница, ќе има мерки за покачување на платите во државата

Следната недела на владина седница се очекува да помине ребалансот  на Буџетот, а во него ќе има вградено и мерки за да се стимулира севкупното покачување на платите во државата, брифираат извори од СДСМ.

Според нив, една од мерките ќе биде државата да ги покрива придонесите за здравствено и пензиско осигурување, доколку работодавачот ја зголеми платата на работниците во нето износ од 25 отсто од просечната плата. Оваа мерка ќе почне да се применува од октомври годинава, а со неа, сметаат од СДСМ, ќе се оди кон исполнување на ветените таргети од 16 илјади минимална плата и 30 илјади просечна плата.

Дел од мерките, како што брифираат од СДСМ, ќе бидат насочени и кон младите со цел тие да не ја напуштаат сопствената држава.

Од СДСМ брифираат дека финансиската состојба и ликвидноста на државата е одлична, а позитивни се и досегашните резултати на проектот „Мој ДДВ”. Со одлично темпо се реализираат и капитаните инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот