Ребаланс на Буџетот на Општина Карпош: Повеќе пари за социјална помош, за инфраструктура и за улично осветлување

Совет на Општина Карпош / фото: МИА / илустрација

Советниците на Советот на Општина Карпош, денеска ги усоија измените и дополнување на Буџетот за 2022 година, кој се зголеми за 115.133.000 денари. Така, во изменетиот Буџет е предвидено зголемување зголемување на износот за социјални надоместоци за 2 500 000 денари, поради зголемениот број барања од граѓаните за социјална помош. Во програмата за уредување на градежно земјиште, извршено е зголемување од 9.300.000 на 11.300.000 денари, поточно на ставката за реконструкција на станбени објекти, а предвидени се и зголемени износи во ставката за капиталните трошоци, каде е извршено зголемување од 20.700.000 денари на 32.300.000 денари, заради  потребата за изградба на инфраструктурни објекти за фекална и атмосферска канализација.

За одржување на јавното осветлување, како и за исплата на зголемените сметки за електрична енергија за улично осветлување, износот од 48.000.000 денари се зголемува на 67.000.000 денари. За одржување и заштита на локалните патишта на територија на општина Карпош, досега предвидената финансиска рамка од 14.000.000 денари се зголемува на 20.500.000 денари – информираат од Карпош.

Повеќе пари во Буџетот се предвидени и за одржување и користење на паркови и зелени површини, за образование и за културни манифестации.

За изградба и реконструкција на локални патишта и улици, износот од 46.819.000 денари се зголемува на 62.819.000 денари, од причина што се потребни повеќе средства за исплата на судски решенија, како и за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Карпош – соопштуваат од општината за изменетите ставки во Буџетот за 2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот