Реализиран проектот Помалку храна на депонија, а повеќе во домовите

Во неколку општини во земјата се реализира проектот Помалку храна на депонија, а повеќе по домовите, чија цел е да поттикне вклученост на граѓаните, на младите, бизнисите, граѓанските организации во дебата и кампања за намалување на количината храна која се фрла и зголемување на помошта во храна за најсиромашните.

-Ова е иницирано бидејќи во земјава секојдневно на депониите, за жал, се фрлаат повеќе тони храна, а многу наши сограѓани се гладни, посочуваат од Здружението „Бирлик Јекипе” од Велес, кое го реализира проектот во соработка со здружението „Златно перо” од Битола.

Томе Трајков од Здружението „Бирлик Јекипе” од Велес вели дека во проектот се приклучиле нови граѓански организации, фирми, локални самоуправи од места кои до сега не се опфатени во мрежата  на Банка за храна на Македонија. Исто така се организира и стрип награден конкурс „Помалку храна на депониите, а повеќе по домовите” и ќе трае во Повардарскиот и Пелагонискиот регион до 31 ноември годинава.

Ќе се организираат посети во училишта во шест општини кадешто, ќе се организираат јавни информативни  часови, а освен што ќе се промовира конкурсот и темата за стрип, ќе се промовира идејата за Банкарство за храна.

Планирано е и публикување на пригоден каталог од  подобрите дела организирање на изложби од пристигнатите стрип дела, воедно и јавни промоции на Банкарството за храна во шестте града, како и   мапирање со проверка на состојбата кај корисниците на социјална помош, народните кујни и корисници на хуманитарни акции.

Проектот започна на 1 септември, а ќе трае до 31 јануари 2020 и се реализира во неколку Општини Градско и Неготино во Повардарскиот и Битола,Новаци, Демир Хисар и Прилеп во Пелагонискиот регион.

Проектот ќе заврши со еднодневен Форум за развој и проширување на мрежата на Банка за храна на Македонија во јануари каде ќе се презентираат искуства од досегашното постоење на Банката за храна, од потребата за донирање на вишок на храна, а ќе се договараат идни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот