Реализиран проектот Помалку храна на депонија, а повеќе во домовите

Во неколку општини во земјата се реализира проектот Помалку храна на депонија, а повеќе по домовите, чија цел е да поттикне вклученост на граѓаните, на младите, бизнисите, граѓанските организации во дебата и кампања за намалување на количината храна која се фрла и зголемување на помошта во храна за најсиромашните.

-Ова е иницирано бидејќи во земјава секојдневно на депониите, за жал, се фрлаат повеќе тони храна, а многу наши сограѓани се гладни, посочуваат од Здружението „Бирлик Јекипе” од Велес, кое го реализира проектот во соработка со здружението „Златно перо” од Битола.

Томе Трајков од Здружението „Бирлик Јекипе” од Велес вели дека во проектот се приклучиле нови граѓански организации, фирми, локални самоуправи од места кои до сега не се опфатени во мрежата  на Банка за храна на Македонија. Исто така се организира и стрип награден конкурс „Помалку храна на депониите, а повеќе по домовите” и ќе трае во Повардарскиот и Пелагонискиот регион до 31 ноември годинава.

Ќе се организираат посети во училишта во шест општини кадешто, ќе се организираат јавни информативни  часови, а освен што ќе се промовира конкурсот и темата за стрип, ќе се промовира идејата за Банкарство за храна.

Планирано е и публикување на пригоден каталог од  подобрите дела организирање на изложби од пристигнатите стрип дела, воедно и јавни промоции на Банкарството за храна во шестте града, како и   мапирање со проверка на состојбата кај корисниците на социјална помош, народните кујни и корисници на хуманитарни акции.

Проектот започна на 1 септември, а ќе трае до 31 јануари 2020 и се реализира во неколку Општини Градско и Неготино во Повардарскиот и Битола,Новаци, Демир Хисар и Прилеп во Пелагонискиот регион.

Проектот ќе заврши со еднодневен Форум за развој и проширување на мрежата на Банка за храна на Македонија во јануари каде ќе се презентираат искуства од досегашното постоење на Банката за храна, од потребата за донирање на вишок на храна, а ќе се договараат идни активности.

Прочитајте и...  Најголем дневен пораст на бројот на новозаразени во БиХ

Прочитај повеќе

НСДП до граѓаните: Излезете на 15 јули и учествувајте во носењето на големата одлука да продолжиме напред

МИА Агенција

Лајачак: Дијалогот Белград-Приштина е вратен на вистинскиот пат

МИА Агенција

Заев во Конче: На 15 јули гласајте за повеќе пари за земјоделците, за поголема грижа за сите

МИА Агенција

Папата Франциск повреден од одлуката на Турција Аја Софија да стане џамија

МИА Агенција

Јанушев: Доаѓаат најдобрите четири години во историјата на државата

МИА Агенција

Италијански инфектолог тврди дека епидемијата во Италија завршила

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ахмети: Првиот премиер Албанец во Македонија ќе се избере тука во Собранието

МИА Агенција

Воведени три нови типови инсулин кои не се од паралелен увоз

МИА Агенција

Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри

МИА Агенција

Николоска: На 15 јули ти одлучуваш, избери иднина

МИА Агенција

Во Индија рекорден пораст на новозаразени со коронавирусот

МИА Агенција

Отец Партениј хиротонисан за нов епископ на МПЦ-ОА

МИА Агенција