Реализација на проектот за поддршка на учениците со посебни образовни потреби во Аеродром

Проектот за унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со посебни образовни потреби од основните училишта, кој е дел од програмата „Општинско-корисна работа” за 2018 година, е успешно реализиран во соработка со УНДП, соопшти Општина Аеродром.

Општина Аеродром денеска им додели потврди за успешно реализиран работен ангажман на 10 образовни и шест лични асистенти, кои во текот на изминатата учебна година им даваа поддршка во образовниот процес на учениците со посебни образовни потреби од основните училишта на територијата на Општината. Асистентите добија и сертификати за успешно завршена обука за образовни и лични асистенти, кои им ги доделија УНДП и Министерството за образование и наука.

– Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи со поддршка и реализација на проекти за социјална инклузија, која е од клучно значење во градењето општество без дискриминација, со еднакви права и можности, наведува Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот