Реал во офанзива, веќе достави понуда за Салах

фото: твитер

Поразот од Манчестер сити го запали алармот кај претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез.

Само еден ден по поразот од „граѓаните“ во Лигата на шампионите, вообичаено за мадридските медиуми, започна лицитацијата за следното големо засилување на Реал Мадрид.

Вчера Пеп Гвардиола им одржа час по фудбал на Зидан и неговите фудбалери и го натера Флорентино Перез да подготви повече од 100 милиони евра за екстра засилување.

Прва желба на тренерот Зидан но и на Флорентино Перез останува Килијан Мбапе, но прашање е дали ќе успеат да го реализираат трансферот ова лето.

Токму поради тоа, денеска се појавија информации кои неделава ги најави Џејми Карагер, дека Реал на лето со сите сили ќе тргне во ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Според поранешниот капитен на Ливерпул, управата на „црвените“ но и менаџерот Јирген Клоп се подготвени да се разделат со Салах доколку пристигне понуда поголема од 150 милиони евра.

Токму толкава сума веќе е подготвена од страна на Перез кој во најскоро време се очекува да тропне на вратите на „Енфилд“ и да се обиде да го ангажира Салах. Доколку се реализира трансферот, Реал Мадрид во идната сезона ќе ги има најдобрите двајца фудбалери во Премиер лигата во последните две години, Еден Азар и Мохамед Салах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот