Реал тргна по Салах – Слободен печат
СпортФудбал

Реал тргна по Салах

Шпанскиот тим започнал преговори со најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах, објави француската телевизија „Канал плус“.

Реал Мадрид започна преговори со фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, тврди новинарот на францускиот „Канал плус”, Филип Карајон.

– Зинедин Зидан не го сака само Еден Азар во клубот. Постојат одредени контакти меѓу Реал Мадрид и Мохамед Салах – изјави Карајон.

Сепак оваа вест треба да се земе како резерва, бидејќи освен тврдењето на францускиот новинар нема други информации за наводниот трансфер. Но, тоа што е сигурно е дека Реал подготвува голема реконструкција.

Тренерот Зидан отпиша 13 фудбалери, така што сега има на располагање 540 милиони евра за засилувања. Добар дел од тие пари ќе одат на трансферот на Азар, а останува да се види дали „кралевите” ќе завршат работа и со Ливерпул.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close