Реал тргна по потписот со Камавинга

едуардо камавинга

„Кралскиот“ клуб го направи првиот чекор кон ангажман на еден од најдобрите фудбалери во францускиот шампионат, Едуардо Камавинга од Рен.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го направи првиот чекор и достави официјална понуда за 17-годишниот фудбалер на Рен кој се смета за еден од најдобрите млади играчи на светот.

Според одредени француски медиуми, Реал Мадрид понудил 50 милиони евра плус дополнителни 10 милиони низ разни бонуси.

Од Рен неодамна најавија дека нема шанси да го пуштат Камавинга ова лето, но доколку желбата на фудбалерот е да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ тогаш ќе седнат на преговарачка маса.

Францускиот тим највеќе профитира од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот бидејќи со одлука на Владата и на фудбалската федерација, Лига 1 е прекината и титулата му е доделена на ПСЖ додека Рен е третопласиран и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот