Реал со нов план како да го ангажираат Мбапе! (ФОТО)

фото: твитер

Премиерлигашките гиганти се во трка за потписот на Иско, па евентуално таа заработка ќе им помогне на „кралевите“ да дојдат до Французинот.

Арсенал, Челзи и Манчестер сити тргнаа во трка за потписот на фудбалерот на мадридскиот фудбалски клуб, а цената е околу 70 милиони евра.

Премиерлигашките гиганти посакуваат во текот на летниот преоден рок 2020 да ги обезбедат услугите на играчот за врска во нападот на Реал, Иско (27).

Како што објавуваат британските медиуми, „кралевите“ за својот фудбалер бараат обесштетување од околу 70 милиони евра.

Со евентуалната заработка од Иско, Реал Мадрид ќе се обиде наредното лето да ја продолжи борбата за ангажирање на играчот на ПСЖ, Килијан Мбапе за кој претходно објавивме дека париските „светци“ подготвуваат еден неверојатен договор.

Иско од Малага во 2013 година дојде на „Сантјаго Бернабеу“, досега има учинок од 198 натпревари и 36 голови, а својата професионална кариера ја започна во Валенсија.

Има договор со мадридскиот клуб до 2022 година, а неговата вредност моментно е 63 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот