Реал сигурен дека идното лето ќе направи бомбастичен трансфер

Мбапе ја отвори душата во интервју за Радио Монте Карло/ фото: EPA-EFE/David Ramos

„Кралскиот“ клуб ја одреди првата мета за 2021 година.

Реал Мадрид не се откажува од Килијан Мбапе и наредното лето ќе тргне со сите сили во реализација на трансферот, пишува „АС“.

Според весникот кој се смета за близок до Реал Мадрид и ретко греши во информациите кога станува збор за „кралевите“, тврди дека најдобрата шанса за претседателот Флорентино Перез да ја исполни големата желба е идното лето бидејќи договорот на Мбапе истекува во 2022 година.

Одличниот француски репрезентативец веќе ги извести челниците на ПСЖ дека нема намера да потпише нов договор, дека сака да си замине од „Паркот на принцевите“ и дека сака тоа се случи наредното лето.

Поради ваквиот став на Мбапе, „АС“ смета дека токму идното лето е иделна можност ПСЖ да заработи на трансферот на Мбапе бидејќи Перез е подготвен да понуди околу 170 милиони евра како обесштетување.

Од друга страна, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, изјави дека клубот работи на продолжување на договорите со четворица фудбалери, Мбапе, Нејмар, Анхел ди Марија и Јулијан Дракслер, но и француските медиуми не веруваат дека Мбапе ќе се согласи да потпише нов договор бидејќи сака да игра за Реал Мадрид и да работи под палката на Зинедин Зидан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот