Реал сам си пукаше во нога, освои само бод против Хетафе

epa09144341 Getafe's midfielder Nemanja Maksimovic (R) vies for the ball with Real Madrid's midfielder Sergio Arribas (C) during the Spanish LaLiga soccer match between Getafe CF and Real Madrid held at Coliseum Alfonso Perez stadium, in Getafe, Madrid, central Spain, 18 April 2021. EPA-EFE/Kiko Huesca

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа без голови на гости кај Хетафе во 31. коло од Ла Лига.

Само една недела откако славеше на Ел Класико, Реал Мадрид вечерва направи два чекори наназад во трката за титулата и повеќе не се господари на својата судбина.
Причината за тоа е што Реал Мадрид остана на второто место со 67 бодови, три помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој денеска победи, а има два бода повеќе од третопласираната Барселона која пак има натпревар помалку.

Со ремито без голови, Реал Мадрид повторно покажа дека не игра најдобро против послабопласираните екипи и дојде до бројката од дури 26 загубени бодови, од кои само два се со директните конкуренти за титулата, Атлетико и Барселона.
„Кралевите“ загубија уште шест бода во дуелите со екипите од третото до седмото место кои носат пласман во европските купови, а загуби дури 18 бодови во дуелите со екипите кои се наоѓаат од осмото до 20. место на табелата.

Тренерот Зинедин Зидан одлучи да му даде одмор на Карим Бензема и тоа му се одрази на играта бидејќи неговите фудбалери упатија само два шута во рамките на голот на Хетафе, додека домашниот тим имаше вкупно 19 шутеви, од кои шест во рамките на голот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот