Реал подготви 80 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

„Кралскиот клуб“ во најскоро време ќе достави официјална понуда до Лацио за трансфер на српскиот репрезентативец, пишува „Кориере дело Спорт“.

Реал Мадрид веќе неколку ги следи настапите на Сергеј Милинкиовиќ-Савиќ, но досега немаше испратено официјална понуда.
Управата на Реал Мадрид подготви понуда од 80 милиони евра до Лацио за услугите на српскиот репрезентативец, но засега не е познато дали „лацијалите“ ќе одговорат позитивно на неа.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито неколку пати во јавноста зборуваше дека нема шанси да го пушти Милинковиќ-Савиќ за помалку од 100 милиони евра, но сево ова го зборуваше пред пандемијата на коронавирусот која предизвика големи финансиски проблеми кај сите екипи.
Поради тоа италијанскиот весник, шпекулира дека доколку пристигне понуда за Милинковиќ-Савиќ со споменатата сума, таа најверојатно ќе биде прифатена.
Оваа сезона, Милинковиќ-Савиќ одигра 30 натпревари за Лацио во Серија А и постигна осум гола, а имаше и 10 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот