Реал нуди три „екстра“ играчи за Погба!

EPA-EFE/PETER POWELL

Информациите велат дека „кралскиот“ клуб е подготвен на „Олд Трафорд“ да ги испрати Герет Бејл, Хамес Родригез и Кејлор Навас со цел на „Сантјаго Бернабеу“ да пристигне 26-годишниот Французин.

Неизвесна е иднината на велшкиот интернационалец Бејл и е пред враќање во Премиер лигата.

Голманот Навас не е повеќе меѓу стартерите во Мадрид, во прв план е белгискиот чувар на мрежата Тибо Куртоа.

А за Родригез не се очекува да се врати во Реал по истекот на неговата позајмица во минхенски Баерн.

Погба има желба да направи трансфер во Реал кој ќе му овозможи настап во Лигата на шампионите наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот