Реал не се откажува, 150 милиони евра за нов напаѓач!? (ФОТО)

twitter/uefa

Првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез сака нов голем „пакет“ на Бернабеу“, англискиот напаѓач Кејн и Покетино како замена за Зидан.

Реал Мадрид не се откажува од идејата да ангажира нов напаѓач од светска класа.

Моментно Лука Јовиќ се наоѓа целосно надвор од форма, па сите надежи се свртени кон Карим Бензема, еден од најдобрите стрелци во клубот.

Првиот човек на „кралската“ екипа, Флорентино Перез, одлучи да вложи 150 милиони евра, пренесува „Дон Балон“.

Шпанците пишуваат дека изборот на претседателот на Реал е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, што не е првпат да се слушне ваква шпекулација.

Кејн неодамна се опорави од повредата, наскоро би требало да се врати на теренит, но не е одушевен од фактот што неговиот тим не се бори за ниту еден трофеј. Моментно во Премиер лигата играчите на Мурињо се на осмото место.

Кејн би бил идеална замена за Бензема кој кон крајот на годината, ќе наполни 33, а воедно се најавува и заминување на тренерот Зинедин Зидан, а како негов наследник се шпекулира Маурицио Покетино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот