Реал не простува: Азар ни се смееше во лице, оди на трансфер листа

Еден Азар не се покажа како прав потег за „кралскиот“ клуб/ фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Камерите го фатија фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, како веднаш по поразот од Челси се смее и шегува со поранешните соиграчи од тимот од Лондон.

Влијателниот Ел Чирингито пренесува дека управата не може да му го прости ова и веќе го ставила на трансфер листата.

Ваквото однесување на Азар наиде на остри критики и на шпанските медиуми. Имено, белгискиот репрезентативец на теренот на „Стемфорд бриџ“ помина 89 минути и беше еден од најслабите играчи на Реал Мадрид, притоа имаше само неколку контакти со топката.

„Азар на сите ни се смееше во лице. Две години го тестираше трпението на навивачите на Реал. Не направи ништо. Доби шанса од Зидан да игра во најважниот натпревар и буквално не го видовме на теренот. Белгиецот не заслужува ниту една секунда повеќе да биде во Мадрид“, е ставот на сите шпански медиуми.

Азар во Реал Мадрид пристигна во 2019 година од Челси за 105 милиони евра иако дел од медиумите во Белгија тврдат дека трансферот изнесувал дури 160 милиони.

Најголем дел од времето го помина надвор од терените рехабилитирајќи се од повредите, а во тие моменти кога играше беше бледа сенка од времето кога настапуваше за Челси.

„Реал во Лондон беше прегазен од воз. Зидан погреши со формацијата во која најслаби карики беа Серхио Рамос и Азар“, стои во коментарот на највлијателниот спортски весник во Шпанија, „Марка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот