Реал на една победа до шампионската титула! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во рамките од 36 коло во најсилното шпанско првенство екипата на Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Гранада (1:2).

„Кралевите“ своите голови ги постигнаа во текот на првото полувреме преку Менди и Бензема.

Домаќините успеаја единствено да го ублажат поразот на стартот од вториот дел кога стрелаше Мачис.

На две кола до крајот на сезоната во „Ла Лига“ составот на Зинедин Зидан се на првото место со 83 бодови, четири повеќе од второпласираната Барселона. На Реал му е потребен само уште еден триумф да дојде до титулата, а тоа може да го направи веќе во наредниот меч в четврток на 16 јули.

Во следното 37 коло Реал на домашен терен ќе го пречека Виљареал, додека Барса ќе ја пречека Осасуна, додека во завршната 38 лигашка рунда, мадридскиот гигант гостува кај Леганес, а тимот на Кике Сетиен гостува кај Алавес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот