Реал Мадрид за прв пат по 40 години не купи ниту еден фудбалер во летниот преоден рок

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Иако шпанскиот шампион во текот на летото се поврзуваше со многу фудбалери како Килијан Мбапе, Пол Погба, Усем Ауар, Едуардо Камавинга, Нголо Канте, на крајот тренерот Зинедин Зидан остана со истиот тим од минатата сезона.

Единствено Реал Мадрид што направи во летниот преоден рок беше враќањето на фудбалерите кои беа на позајмица, Анриа Луњин, Алваро Одриозола и Мартин Едегард.

Со овој потег „кралскиот“ клуб заштеди пари во време на пандемијата на коронавирусот, за разлика од минатото лето кога на трансферите на Еден Азар, Едер Милитао, Ферлан Менди, Лука Јовиќ, Родриго, Реиниер потроши околу 350 милиони евра.

Од друга страна, си заминаа неколку фудбалери кои беа во втор план кај Зидан, како Герет Бејл и Серхио Регулон (Тотенхем), Хамес Родригез (Евертон), Ашраф Хакими (Интер), Борха Мајорал (Рома), Оскар Родригез (Севиља), Брахим Дијас (Милан).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот