Реал Мадрид во иднина ќе има спектакуларен стадион! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/твитер

Уште од претходно се најавува новиот „проект“ на кралскиот клуб, објавено е дека за истиот ќе бидат издвоени нешто над половина милијарда евра.

Стадионот „Сантјаго Бернабеу“, домот на мадридски Реал и еден од најголемите фудбалски храмови на Стариот континент, навистина е импонзантен.

Од порано е познато дека управата на Мадрид сака уште поубав и поатрактивен да го направи стадионот, а во текот на минатата година беше објавено дека најтрофејниот клуб во светот и рекордерот по бројот на освоени трофеи ќе мора да издвои 525 милиони евра.

Засега е непознато дали челниците на клубот ќе ги „намалат“ трошоците за овој капитален проект, со оглед на пандемијата на коронавирусот, а токму главниот град е најголемото жариште на Шпанија), но едно е јасно, после „шминкањето“ кое според најавите ќе потрае неколку години, „Сантијаго Бернабеу“ ќе изгледа спектакуларно.

Стадионот на кој Реал ги игра своите домашни натпревари е изграден од октомври 1944 година до декември 1947 година, кога и официјално беше отворен.

Досега е реновиран двапати – во 1982 и 2001 година, додека четирипати е зголемен капацитетот на трибините – во 1953, 1992, 1994 и 2011 година. На овој стадион, меѓу другото, четирипати падна одлуката за европски клупски шампион – во 1957, 1969, 1980 и 2010 година, редоследно Реал Мадрид, Милан, Нотингем форест и Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот