Реал Мадрид со нови „галактикоси“ од 2022 година, доаѓа и Погба!?

Нема никакви најави за продолжување на договорот на Погба со Јунајтед/Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Пол Погба има важечки договор со Манчестер јунајтед до 30 јуни 2022 година и засега нема никакви најави за продолжување на соработката.

Французинот кој моментно според „Трансфермаркт“ вреди 60 милиони евра, во саботата на првиот натпревар во новата премиерлигашка сезона имаше фантастичен настап запишувајќи дури четири асистенции во домашната победа над Лидс.

28-годишниот играч ланската натпреварувачка сезона во Премиер лигата од 26 настапи запиша три голови.

Денеска повторно се шпекулира околу иднината на Погба, за кој британскиот „Дејли Стар“ информира дека има уште 12 месеци од договорот со „црвените ѓаволи“ пред да му се придружи на Реал Мадрид како слободен агент следното лето.

Истиот извор вели дека можно е со француската ѕвезда заедно со неговиот сонародник Килијан Мбапе (од ПСЖ) и Норвежанецот Ерлинг Халанд (од Борусија Дортмунд), Реал Мадрид повторно биде моќен со нови „галактикоси“ на патот кон трофеите во Шпанија и Европа.

Понуда од 120 милиони евра за Мбапе, дали ПСЖ ќе ја прифати?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот