Реал Мадрид прв пат сезонава не постигна гол

Реал Мадрид прв пат сезонава не победи на домашен терен во Ла Лига/ 25 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Екипата на Реал Мадрид ремизира на „Сантијаго Бернабеу“ против Виљареал играјќи 0:0 во седмото коло на Ла Лига.

Интересно ова е прв официјален натпревар во новата сезона во која Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти не успеа да постигне гол.
Големи заслуги за тоа има и Унаи Емери кој одлично ја постави тактиката на Виљареал.

„Жолтата подморница“ во првото полувреме беше тимот кој имапе подобри шанси, посебно опасност по голот на Куртоа беше Данјум кој имаше две шанси, во 13. и во 38. минута.

Анчелоти реагираше на полувремето, го внесе во игра Камавинга на местото на Родриго, по што „кралевите“ беа подобар тим во вториот дел,имаше поголем посед на топката и создаде неколку шанси кои не успеа да ги реализира.

Реал Мадрид и покрај ремито остана лидер на табелата со 17 бода, три повеќе од Севиља и Атлетико Мадрид, додека Виљареал по четврти пар сезонава одигра без голови и со осум бодови се наоѓа на десеттото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот