Реал Мадрид подготвува понуда за Халанд

twitter/B/R Football

Норвешкото чудо од дете се чини дека нема уште долго да се задржи во Бундеслигата.

Ерлинг Халанд каде што застана додека го носеше дресот на Салцбург, од јануари продолжи во ист ритам и во Бундерслигата. Халанд во дресот на Борусија Дортмунд на 11 натпревари постигна 12 гола и повторно ги залуде фудбалските гиганти.

Прв кој ќе реагира е Реал Мадрид кој според шпанските медиуми уште сега подготвува понуда за неверојатниот Норвежанец. Откупната клаузула на Халанд изнесува 75 милиони евра кои пред избувнувањето на кризата со коронавирусот изгледаше како смешна сума за најголемите екипи.

Според весникот „Ас“ Реал планира во преодниот рок да и понуди на Борусија Дортмунд 60 милиони евра и е подготвен да се откаже од Лука Јовиќ кој е најголемо разочарување сезонава во „кралскиот“ клуб.

Халанд ја воодушеви фудбалска Европа во дресот на австрискиот шампион Салцбург каде на 27 натпревари оваа сезона постигна 29 гола и по само една година, за сума од 20 милиони евра во јануари се пресели во Борусија Дортмунд.

За да се реализира трансферот, Борусија му плати провизија од 15 милиони евра на агентот на Халанд, Мино Рајола и дополнителни 10 милиони евра на таткото на играчот, Алф-Инге Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот